ГРАДИТЕЛСКИ ЛОЗИ И СЕМЕЈСТВА – БИТУШЕ

Мајсторите од ова село работеле во Беломорска Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Бугарија. Тие биле организирани во тајфи и на секоја тајфа стоел водач. Тајфите биле составени од мајстори кои претежно биле во роднински врски, но по потреба во нив работеле и мајстори од соседните села Требиште, Велебрдо, Ростуше и други места, како и од Гостивар.

Лозата на семејството Илковци

Како најстари мајстори градители се споменуваат Змејко, Негрија и Ѓоре. Тие живееле во втората половина на ХVIII век.

XVIII / III кв

ЃОРЕ бил најстар мајстор. Тој имал син Пејчин.

XVIII / IV кв

ПЕЈЧИН ИЛКОСКИ (1790) бил најстариот познат мајстор-оидар. Пејчин имал син Илко.

XIX / I кв

ИЛКО ИЛКОСКИ (1815) бил познат мајстор-зидар. Градел куќи по околните села и бил баран мајстор. Тој ја изградил црквата во Битуше. Илко имал син Јаков.

XIX / II кв

ЈАКОВ ИЛКОСКИ (1838) бил син на Илко. Тој со својот татко претежно работел дограмаџиска работа и се занимавал со резбарство. Познати биле неговите резби во повеќе куќи како и во црквите. Тој ги изработил постолјата за иконите Апостол Тома, Св. Јован и Св. Богородица во манастирот Св. Јован Бигорски, како и иконостасите во црквите во с. Битуше, с. Требиште, с. Ростуше и други. Јаков имал четири синови Саре, Марко, Илко и Фидан.

XIX / III кв

САРЕ ИЛКОСКИ (1865-1928) син на Јаков, бил универзален мајстор. Имал своја тајфа од 10-15 мајстори. Тој ги градел објектите од темел до покрив, вклучувајќи ја тука и изработката на целата покуќнина од дрво. Изградил околу 40 цркви, меѓу кои и црквата Св. Ѓорѓија во Чаир, црквата во Ново Село, Гостиварско, долната црква во с. Вруток, црквите во Здуње, Гостиварско и Св. Преображение во с. Битуше. Градел цркви, хотели и куќи во Србија, Бугарија, и во Беломорска Македонија (Солунско и Берско), Косово и Албанија. Бил познат и баран мајстор во околните села Клобуништа, Маќалари, Ергеле, Крчишта, Подовци и други. Саре имал пет синови од кои градителската традиција ја проолжиле двајца од нив, Фвездан и Ѓоре.

XX / I кв

ЅВЕЗДАН (1906-1977) и ЃОРЕ (1914-1984) биле синови на Саре. Тие работеле во тајфата на својот татко каде што го совладале  мајсторскиот занает. Граделе во Гостиварско, Дебарско и Река, како и во Црна Гора, Албанија и Косово. Биле познати како универзални мајстори. Ѓоре бил ненадминат мајстор во столарските работи и најпознат ѕидар со камен во целиот крај. Заедно работеле резба и покуќнина (долапи, мусандри, маси, столови, софри, разбои, бутилји, кобли, амбари, мешарки). Ѓоре до тој степен го владеел столаро-резбарскиот занает што за себе изработил и тамбура. Фвездан имал син Момир, а Ѓоре имал четири синови од кои Стефо и Саре ја продолжиле градителската дејност на семејството Илкоски.

XX / II кв

МОМИР ИЛКОСКИ (1928-1993), син на Ѕвездан, го обновил олтарскиот простор во црквата Св. Преображение во Битуше.

XX / II кв

СТЕФО ИЛКОСКИ (1932), син на Ѓоре, како градител работел на изведбата на брани. Како главен надзорен орган ја извел и браната во Глобочица. Во Дебар работел на изведбата на станбени и општествени објекти.

XX / II кв

САРЕ ИЛКОСКИ (1947), син на Ѓоре, ја продолжил градителската традиција на лозата како дилпомиран инженер архитект.

XIX / III кв

ИЛКО ИЛКОСКИ бил син на Јаков Илкоски. Бил мајстор градител. Починал млад. Тој имал син Рафе.

XX / I кв

РАФЕ ИЛКОСКИ (1913), син на Илко. Со својата тајфа го изградил хотелот „Парк“ во центарот на Пеќ како и објекти во Гаковица, Косово.

Лозата на семејството Наумовци

Како најстар градител од овој род се споменува Косто, тој имал син.

XIX / III кв

НАУМ КОСТОВ (1867-1934) бил познат мајстор градител. Градел куќи во Пловдив, Бугарија и во нашата земја. Имал два сина, Рафе и Горе.

XX / I кв

РАФЕ НАУМОВСКИ (1904), син на Наум, работел со својот татко и братот Горе во Бугарија.

XX / I кв

ЃОРЕ НАУМОВСКИ (1912-1998), син на Наум, бил познат мајстор 5идар и фасадер. Работел во Пловдив, Бугарија, во градовите Серес, Драма и Кавала, Беломорска Македонија, во Драч, Албанија, Косовска Mитровица, Косово и во Црна Гора. Ѓоре имал два сина: Боро и Стојче.

XX / II кв

СТОЈЧЕ НАУМОВСКИ (1948), син на Ѓоре, ја продолжил градителската традиција на својот род како дипломиран инженер архитект.


Други познати градителски фамилии биле Топузовци, Тримовци, Инадевци, Апостоловци, Лазаревци, Огненовци, Костовци и други.


Од ова село произлегле и плеада на квалификувани претприемачи кои граделе меѓу двете светски војни, а од нив попознати се:

XX / I кв

ТОФЕ ТОПУЗОСКИ имал своја тајфа и градел објекти во Нови Пазар и Скадар. Тофе имал сопствена градежна фирма во која биле вработени околу 300 работници. Тој во Скадар, Албанија, ја изградил фабриката за цигари „Тарабош“, куќата и автоматската мелница на Дани, куќата на д-р Ѓорѓи Карамитри, куќата на Шабан Елмази и други. Браќата на Тофе, Јане и Танаско му помагале во градителската дејност. 

XX / I кв

МИЛКО СИНЏИРОСКИ со својата тајфа ги изградил објектите на рудникот „Трепча“ во Косово.

XX / I кв

НИКУДИН ИСИЈАНОСКИ работел со својата тајфа во Беране и Колашин, Црна Гора. Во Беране ја изградил гимназијата и Домот на трезвените, а во Колашин гимназијата и основното училиште.

XX / I кв

ИВАН ИВАНОСКИ со своите синови градел објекти во Вучитрн и во други градови на Косово.

XX / I кв

МИТРЕ НИКУДИНОСКИ со својата тајфа ги изградил куќите на Дуњ Булиќи во Песјак и Скадар, Албанија како и џамијата во Штимје, Косово.


Градителската активност кон крајот на Хи почетокот на ХХ век била забележана и во селата:

ВЕЛЕБРДО

Познат мајстор-челник бил Емро кој имал доста голема тајфа. Оттука потекнувале и мајсторите Милош Милошевски и Мате Матевски.

РОСТУШЕ

Од ова село потекнувала градителската фамилија Симоновски чијашто дејност главно се одвивала во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Далмација. Од оваа фамилија бил познат Нестор со своите синови Русе и Угрин. Оттука потекнувал и Абдија Сулов кој градел објекти во Серес, Драма и Кавала.

ЈАНЧЕ

Од ова село биле познати мајсторите Аџи-Даут, Негрија Негриоски, како и фамилиите Латифовски, Џеферовски, Абазовски и други.

ГОРНО КОСОВРАСТИ

Оттука потекнувал челникот Кузман Кузманов кој имал тајфа од дваесетина мајстори со која изградил повеќе објекти во Солун, Бер и Ениџе-Вардар. Неговите синови Деспот и Дамјан ја продолжиле дејноста на својот татко и граделе објекти главно во селата од Реканскиот крај а ова село потекнувал и мајсторот Зафир Сековски, кој водел тајфа во Битола и Солун, а како мајостори работеле и неговите синови Крсте и Алеко.

Познати се и неколку мајстори чие потекло се уште не е точно утврдено, а самите се претставувале како Дебарлии. Такви биле мајсторот Станчо Марков којшто ја изградил црквата се. Параскева во селото Слатина, Ловечко во Бугарија, Христо Костов којшто ја изградил црквата Св. Атанасија во селото Шишковци, Ќустендилско, Пиринска Македонија, Нестор Илиев, како и мајсторите од фамилијата Симоновци коишто работеле во Софија, Бугарија, како и Стефан Атанасов (1880-1948) кој изградил циркус, рибарница и станбени објекти во Браила, Романија.

Previous articleГРАДИТЕЛСКИ ЛОЗИ И СЕМЕЈСТВА – ОСОЈ
Next articleГРАДИТЕЛСКИ ЛОЗИ И СЕМЕЈСТВА – КРУШЕВО