ГРАДИТЕЛСКИ ЛОЗИ И СЕМЕЈСТВА – ГАЛИЧНИК

SHARE

Мајсторите од Галичник претежно се занимавале со зографство и резбарство. Од тука потекнува познатиот резбарско-зографски род, родот Фрчковски. Нивната активност се одвивала во втората половина на ХVIII век.

ХVIII / II кв

БЛАЖЕ ФРЧКОВСКИ (1748) бил првиот претставник на овој род. Имал син Негре кого го обучил во резбарскиот и иконографскиот занает.

ХVIII / IV кв

НЕГРЕ БЛАЖЕВ ФРЧКОВСКИ (1780-1843) бил син на Блаже. Работел на резбата на бигорскиот иконостас. Тој ги пренел семејните занаети на своите тројца синови: Макарие, Трајан и Ѓурчин.

ХIX / I кв

МАКАРИЕ НЕГРИЕВ ФРЧКОВСКИ (1800-1849). Бил надарен резбар. Го изучил резбарскиот и зографскиот занает при својот татко. Работел во тајфата на Петре Филипович-Гарката. Во овој период тој учествувал во изработката на иконостасите во црквата Св. Спас во Скопје (1824), манастирот Св. Јован Бигорски (1835) и црквата Св. Богородица во Скопје (1836).

Во 40. години на ХКК век како челник на својата резбарска тајфа во која учествувале и неговите браќа Ѓурчин и Трајан, го извел иконостасот на приштинската црква Св. Никола којшто се смета за една од најуспешните негови творби. Познати биле и неговите резби за тавани, долапи, сандаци и друг мебел за беговските куќи во Македонија и Призрен. Последна негова резба бил иконостасот во црквата Св. Богородица во градот Пазарџик, Бугарија, кадешто починал во 1849 година. Макарие имал син Ристе.

ХIX / II кв

РИСТЕ МАКАРИЕВ ФРЧКОВСКИ (1841-1893), син на Стојан Гонов Макарие, работел кај Дичо Зографот, каде што го усовршил занаетот. Бил баран мајстор. По смртта на Макарие резбарската активност ја продолжиле неговите браќа Трајан и Ѓурчин, а подоцна и нивните синови по цела Бугарија, посебно во Варна и околината на Добруџа. Трајан имал син Нестор.

ХIX / II кв

НЕСТОР ТРАЈАНОВ (1840-1919) бил иконописец. Тој имал син Данаил.

ХIX / III кв

ДАНАИЛ НЕСТОРОВ ФРЧКОВСКИ (1870) бил син на Нестор. Го научил иконографскиот занает од деда си Трајан. Се јавува како последен иконописец и фрескописец од родот на Фрчковци. Неговите икони и фрески биле застапени во 36 цркви во Гостивар и Тетово. Работел и во Албанија, Србија, Бугарија и Романија.


Други познати резбарско-зографски семејства биле Несторови, Мауровци, Пулевци, Кузманови, Тасовци, Станишевци, Арнаудовци, Фишегоновци, Гиновци, Стојановци. Со градителство се занимавале помал број семејства. Од нив се познати мајсторите од фамилиите Стојанчевци, Личеновски и Пулевски. Оттука бил познат и челникот Кара Иван кој работел на утврдувањето на Видин во Бугарија, како и челникот Илија Јовановски кој градел куќи во Солун. Тука спаѓаат и Никола Медароски — мајстор живописец, Стамат Алаутоски — челник мајстор, Трајко Негриев – дрводелец, како и Јаков Радев – мајстор живописец од Лазарополе. Како најстар мајстор од родот на Томовци се споменува мајсторот Томо (XIX / II кв) кој имал син Стојан.

ХIX / III кв

СТОЈАН ТОМОВ (1862-1934), бил син на Томо. Работел како столар во Романија каде што паралелно со својот занает ја проучувал и градителската вештина. Бил самоук мајстор-градител и според негов план ја изградил сопствената куќа (Сут“П1) во 1889 година. Ова била првата куќа во Галичник во чиј состав била предвидена санитарна просторија. Стојан имал син Јордан.

ХIX / IV кв

ЈОРДАН СТОЈАНОВ (с. Галичник, 1885 – Битола, 1943) бил син на Стојан Томов и ја продолжил семејната градителска традиција. Како претприемач учествувал во изградбата на многу објекти. Бил познат мајстор во изработката на орнаменти и се јавува како учесник во изградбата на театарот во Скопје. Познат е како градител на црквата во Галичник во чијашто реализација учествувале прочуените каменоресци Основа од куќата на од селото Луково (1930). Во Скопје ја изградил Боривов Пазаревиќ  индивидуалната семејна куќа (Сут”П“1) на Боривое Лазаревиќ на ул. „Митрополит Виќентије“ (не постои), бр. 5 во Скопје во 1933 година, според проектот на инж. Кирил Жерновски. Учествувал и во изградбата на пругата Велес – Штип.

Неговите синови Ристо (1905-1961) и Александар (1924) биле доследни следбеници на семејната градителска традиција, но како школувани стручни лица.