ГРАДИТЕЛСКИ ЛОЗИ И СЕМЕЈСТВА – ГАРИ

SHARE

Од Гари бил познат родот Огњановци кои биле признати мајстори-градители и резбари.

ХVIII / III кв

ЈАНКУЛ бил најстариот познат мајстор од овој род. Бил познат градители резбар. Неговиот син Огнен СОЛИ кв) го продолжил занаетот на својот татко и се прочул како добар градител и резбар. Огнен имал син Тодор кој ја продолжил градител ската традиција на семејството.

ХVIII / III кв

ТОДОР ПЕТКОВ (1814-1899) бил син на Огнен. Се посветил целосно на градителството. Според неговите планови биле изградени многу куќи и кули на охридските бегови и чорбаџии. Познати се неговите куќи на Атанас и Ангел Робеви во Охрид, како и црквата во селото Горна Белица. Синот на Тодор, Јаким (1861) ја продолжил традицијата со тоа што тој комплетно се предал на резбарството.

Од Гари било познато уште и зографското семејство Ангелковци, кое покрај зографската дејност се занимавало и со градителство.

Од селото Гари потекнувале уште неколку фамилии коишто се занимавале со резбарство. Меѓу нив посебно се истакнал родот на Филиповци.

ХVIII / II кв

ФИЛИП бил најстар познат мајстор. Тој имал три сина – Иван, Петар и Марко. Од нив Петар ја продолжил семејната традиција.

ХVIII / III кв

ПЕТАР ФИЛИПОВИЧ-ГАРКАТА (Гари, 1765 – Крушево, 1854) бил син на Филип.

Главни негови соработници биле брат му Марко и Макарие Фрчковски од Галичник. Тој со својата тајфа ги изработил резбарските ремек дела на иконостасот во црквата на манастирот Св. Јован Бигорски (1835) и во црквата Св. Спас во Скопје каде што ги впишале своите имиња „Перви мајстор Петре Филипович од Гари, Макарија од Галичник, Марко од Гари, Дебарли од Мала Река“, 1824 година.

Тој го изработил иконостасот во црквата Св. Архангел Михаил во Лесново (1811-1844) и во призренската црква Св. Ѓорги во 1829 година.