VASILY (WILHELM) FYODOROVICH VON BAUMGARTEN
Петроград, Русија, 30. X 1879
– Буенос Аирес, Аргентина 13. V 1962
По Октомвриската револуција во Русија како емигрант се доселил во Белград во 1920 година каде што се вработил во Министерството на војската. Тука работел 10 години и проектирал објекти за потребите на војската. Во тој период градел и монументални јавни објекти. Се јавува како автор на Офицерскиот дом во Скопје (1925-29), разурнат од земјотресот во 1963 година, којшто се одликувал со еклектички руски декоративизам. Во 1930 година ја напуштил војската и се занимавал со проектирање на објекти од општествен карактер, како што се Рускиот дом во Белград и Хипотекарната банка во истиот град којашто со своите кубистички форми и монументални столбови што се провлекуваат и ата низ повеќе катови носи белези на подоцнежниот модернизам.