ХIX / IV кв
СТОЈАН ВЕЗЕНКО, бил мајстор којшто градел јавни објекти низ Македонија и Турција. Ги изградил Исмаиловиот сарај и турската касарна во Битола, касарната во Сараево, мостовите на реките Нишава кај Ниш и Марица кај Одрин.
ГРАДИТЕЛСКИ ЛОЗИ И СЕМЕЈСТВА – ГИНОВЦИ
ХVIII / IV кв
НЕГРЕ БЛАЖЕВ ФРЧКОВСКИ (1780-1843) бил син на Блаже. Работел на резбата на бигорскиот иконостас. Тој ги пренел семејните занаети на своите тројца синови: Макарие, Трајан и Ѓурчин.
ХIX / IV кв
КРСТО ЈОВАНОВСКИ бил претприемач и го градел домот на занаетчиите во Куманово (1930).
ХIX / IV кв
СТАМЕНКО КОЛЕВСКИ бил претприемач и ја градел градската болница во Куманово (1935) според проектот на Техничкиот оддел на Управата на Вардарска бановина во Скопје.
ГРАДИТЕЛСКИ ЛОЗИ И СЕМЕЈСТВА – СТЕБЛЕВО
КОЉА бил најстар познат градител кој го основал селото во првата половина на ХIX век.
ХIX / I кв
ЃОРЕ бил познат мајстор од лозата на Коња. Ѓоре имал син Тане.
ХIX / II кв
ТАНЕ (1863), син на Ѓоре. Како познат градител работел низ градовите во Македонија и Албанија. Имал син Божин.
ХIX / IV кв
БОЖИН ТАНЕВ ГЕОРГИЕВСКИ (мајстор БОЖИН-КОЉА), (1897). Тој со својата тајфа изградил голем број на станбени и други објекти во Скопје. Познати се неговите градби за семејната куќа на браќата Сарчевиќ (Сарчевски), семејната куќа на адвокатот Ристе Т. Јанаќиевиќ, трговските локали на браќата Рибареви (стоковната куќа „8-ми Март“), станбената зграда (П+2) на мајсторот Цане Тодоров на аголот од улиците „Ленинова“ и „Димитрие Туцовиќ“. Божин имал син Цветан.
ХX / II кв
ЦВЕТАН БОЖИНОВ ТАНЕВСКИ – КОЉА (1934), дипломиран градежен инженер ја продолжил градителската традиција на лозата Коља.
ХIX / IV кв
ПЕТРЕ ЗОРБА (1897), бил познат мајстор градител и пријател на Божин. Имал своја тајфа и претежно градел станбени објекти во Валона, Тирана и Драч (денешна Албанија).