ГРАДИТЕЛСКИ ЛОЗИ И СЕМЕЈСТВА – СМИЛЕВО

Смилевските мијаци кои потекнуваат од малореканските села Галичник, Лазарополе, Гари и Тресонче, ја продолжиле копаничарската, зографската и градителската традиција на своите претци. „Иако самоуки тие биле познати архитекти, инженери, градители и раководители на претпријатија од слична природа. Сите беговски, пашински конаци, сараи, касарни и други монументални згради во Битола биле дело на смилевци. Сите патишта и мостови во Битолско биле изградени од истите смилевски мајстори. Познати биле нивните копаничарски и зографски работи во црквата Св. Ѓорѓи во Смилево (изгорела на 3. VIII 1903 година) и во манастирот Св. Петар и Павле во Смилево (ограбен во Првата балканска војна). Меѓу постарите копаничари од Смилево бил познат копаничарот Павле. Други познати копаничари биле:

XIX / II кв

ДУКО ДУКОСКИ (1847 – 27. м1 1919). Тој на обновената црква Св. Ѓорѓи во Смилево го украсил владичиниот трон применувајќи растителни и зооморфни мотиви како и човечки фигури. Го изработил анвонот претставувајќи рака со гулаб. Ја изработил резбата во црквата во с. Слоештица, Битолско.

XIX / II кв

ГИЧО ЧУРАНОСКИ го изработил иконостасот и владичиниот трон на обновената црква Св. Ѓорѓи во Смилево. Бил даровит резбар и пројавувал посебна склоност кон декоративното бојадисување. 

XIX / II кв

ВЕЛЕ КОШТРЕСКИ-КОКИН работел на декорирањето на црквите во Смилево и околните села.

XIX / II кв

ПАВЛЕ ТАНАСКОСКИ го изработил големиот крст на иконостасот на обновената црква Св. Горѓи во Смилево. 


Лозата на семејството Дарковци

Најпознатиот род на градители од селото Смилево било семејството Дарковци. Нивната градителска лоза започнала со мајсторот:

XIX / III кв

ЃОРЃИ ДАРКОВСКИ (1858) кој имал своја тајфа. Тој имал два сина, Илија и Петре.

XIX / IV кв

ИЛИЈА ДАРКОВСКИ (1893-1978) бил син на Ѓорѓи. Имал тајфа од 50-60 души. Ги градел сите патишта во Битолско, Ресенско, Охридско и Кичевско. Изградил голем број индивидуални куќи меѓу кои и познатата вила „Маедраг“ на семејството Србинови во Битола. Тој го изведувал хотелскиот комплекс во Отешево (1948). Градел резервоари за вода и други стопански објекти.

XIX / IV кв

ПЕТРЕ ДАРКОВСКИ (1880) син на Ѓорѓи, градел објекти кај нас и во Грција.

XIX / IV кв

АВРАМ ДАРКОВСКИ (1876). Бил прв братучед на Илија и Петре Дарковски. Се занимавал со градителство. Имал два сина, Димко и Нале.

XX / I кв

ДИМКО ДАРКОВСКИ (1904), син на Аврам, бил претприемач и водел тајфа од 10-20 души. Го изградил битолскиот монопол и извршил проширување на битолскиот театар. Ги изградил куќите на д-р Филота и на д-р Михајло Попов во Битола. Градел и стопански објекти.

XX / I кв

НАЛЕ ДАРКОВСКИ (1906-1963), бил син на Аврам. Ги градел стопанските објекти за војската. Имал тајфа од 20-30 души. Со братот Димко работел на проширувањето на театарот во Битола. Ги градел пограничните караули. Бил технички директор на „БИГРАП“ во Битола. Нале имал син Ѓорѓи.

XX / II кв

ЃОРЃИ ДАРКОВСКИ (1927). Син на Нале, бил палир. Работел во ГП „Бетон“.

XIX / III кв

СТОЈЧЕ РАПУШ (1857) бил ортак на Ѓорѓи Дарковски, таткото на Илија Дарковски.


Познати градителски семејства

Семејството Трошевци

Познати мајстори биле браќата:

XIX / III кв

ЗАХАРИЈА ТРОШЕВСКИ (1851) и КРСТЕ ТРОШЕВСКИ (1862) Тие граделе објекти во поширокиот битолски регион. Крсте имал син Васил.

XIX / IV кв

ВАСИЛ ТРОШЕВСКИ (1889) син на Крсте, бил претприемач и водел тајфа од 10-15 лица којашто произлегувала од Смилевската школа. Фидал училишта, државните установи, задружни домови по селата и други објекти. Васил и Пера Трошевски.


Семејството Игуменовци

Од него потекнувале:

XIX / IV кв

ДАМЕ (1878), бил познат мајстор 5идар. Имал син Ристе.

XX / I кв

РИСТЕ (1903), син на Даме, градел објекти во битолскиот и ресенскиот регион. Бил игумен.

Семејството Кочовци

XIX / IV кв

КОЧО (1880). Градел индивидуални куќи во битолскиот регион. Имал син Јоле.

XX / I кв

ЈОЛЕ (1907), син на Кочо, градел објекти во Црна Гора.

Семејството Трампевци

XIX / III кв

ЈАНКО ТРАМПЕСКИ, бил познат мајстор кој градел куќи во Солун. Имал своја тајфа во којашто работеле синовите Ристе и Илија.

XIX / IV кв

РИСТЕ ЈАНКОВ ТРАЈКОВСКИ – ТРАМПЕ (1883). Работел со таткото Јанко и братот Илија во Солун. Таму градел објекти од станбен и јавен карактер. Бил познат мајстор-зидар.

XIX / IV кв

ИЛИЈА ЈАНКОВ ТРАЈКОВСКИ – ТРАМПЕ (1888 – Битола, 1972). Бил син на Јанко. Го научил мајсторскиот занает од својот татко и со него градел објекти во Солун. По десеттина години поминати на работа во Солун се вратил во Битола. Бил познат градител и претприемач. Од 1944 година работел како изведувач во градежните организации. Како претприемач изградил повеќе објекти. Најмногу градел индивидуални куќи, меѓу кои позначајни се:

  • Двете станбени згради, на Ташко (Керестеџијата);
  • Старата пошта во Битола (адаптирана за станбен објект на адвокатот Чаламани);
  • Станбената зграда на заболекарот Медонс;
  • Касарните во Битола (наспроти старата касарна, сега музеј);
  • Планинарскиот дом „Бегова Чешма“ на Пелистер (урнат при изградбата на планинарскиот дом „Молика“.

Раководел со изградбата на:

  • Домот на армијата во Кичево;
  • Железничката пруга Бакарно Гумно- Кичево;

Работел на изведбата на армирано-бетонските премини преку каналите за одводчување во Пелагониската рамнина. Илија имал син Методија.

XX / II кв

МЕТОДИЈА ТРАЈКОВСКИ (Битола, 1928), синот на Илија ја продолжил градителската традиција на лозата како дипломиран инженер архитект.

Од многубројните смилевски тајфи зачувани се уште и имињата на следниве главни мајстори: Димко Божински, Јоле Божински, Андре Бужевски, хузе Галовски, Граматиковски, Васил Жежовски, Веле Јанински, Кузе Калчевски, Веле Кондински, Томо Корлевски, Илија Корлевски, Димко Кочовски, Јоле Макриовски со синот Методија Макриовски, Кочо Макриовски (со Петрета и милета), Веле Огич, Стојче Огич, Кузе Рапушевски, Кузе Рион, Гоце Спасевски, Илија Тодоровски и многу други кои граделе во Преспа, Кичевско, Прилепско Битолско како и во Катерини.

ГРАДИТЕЛСКИ ЛОЗИ И СЕМЕЈСТВА – ВОДЕН

Како еден од најстарите градители во Воден се споменува мајсторот Живко. Тој бил мајстор-градител и својот син Никола го упатил кон градителството.

XVII / IV кв

НИКОЛА ХАЏИ ЖИВКОВ (Воден, 1792 – Белград, 1870) бил син на Живко. Се школувал во Солун и Атина. По завршување на образованието заминал во Белград каде што бргу се прочул како школуван и талентиран архитект. Бил примен во дворот на кнезот Милош во 30-тите години на ХКХ век и станал дворски архитект. Во Белград го изградил Кнезовиот двор, конаците на кнегињата Јрубица, Ѓумруканата (царинарницата), Големата и Палилулската касарна, конаците на кнез Милош на Топчидери во Крагуевац и други.

Previous articleГРАДИТЕЛСКИ ЛОЗИ И СЕМЕЈСТВА – ВЕВЧАНИ
Next articleНАДВОРЕШНИ ГРАДИТЕЛИ, 1918 – 1944