VELIMIR N. GAVRILOVIK
1888 ? – Белград, 1969
Живеел во Белград. Работел во Проектантското биро на Генералната дирекција на железницата. Проектирал објекти во функција на државната железница.
Негови проекти се:
1938 Железничката станица меѓу улиците „Крал Петар“ („Македонија“) и „Принц Ѓорѓе“ (не постои) во Скопје (урната во земјотресот во 1963 година);
1939 Болница на болничкиот фонд за државниот сообраќаен персонал (П+1) во Скопје.
Бил советник во „ГО на Генерална дирекција на државните железници“ во Белград.
Архив на град Скопје:
1939 (Кутија 162): 100