ЛОЈЗЕ ДОЛИНАР

SHARE

LOJZE DOLINAR

Љубљана, 19. IV 1893 – Иќиќи, 9. IX 1970

Се школувал за уметнички занаети во Љубљана кај А. Репиќ. Во 1910/11 година се школувал на Академијата во Виена кај Ј. Милнер, а во 1912/13 во Минхен кај Г. Милер. Во 1920 година работел кај скулпторката М. Хофман во Њујорк, САД, од каде што се вратил и останал во Љубљана до 1932 година, кога преминал во Белград. Од 1946 година предавал на Академијата за ликовна уметност.

Во 1967година се вратил во Словенија иживеел во Крањ и Иќиќи.

Неговиот творечки опус бил богат и разновиден. Работел портрети од камен, бронза, дрво и печена глина. Изработувал и фигуративни композиции на различни теми.

 

Негово дело во Скопје е:

1938 “Споменикот на паднатите ученици-борци, 1912-1918″.