МИЛАН ЗЛОКОВИЌ

MILAN ZLOKOVIĆ

Трст, 6. IV 1898 – Белград, 29. V 1965

Дипломирал на Техничкиот факултет во Белград во 1921 година. Од 1921 до 1923 година престојувал во Париз каде што ја посетувал Високата школа за уметност. Бил вработен како наставник на Архитектонскиот факултет во Белград каде што останал на работа се до исполнувањето на својот активен работен стаж (1923 – 1962).

Со цел да ја прекинат врската со актуелниот историцизам и да се вклучат во модерните европски движења на архитектурата, тој заедно со своите врсници Коиќ и Бабиќ и малку постариот Дубови се јавуаат како основачи на Групата архитекти на модерниот правец. Се вбројува меѓу првите архитекти којшто ја пренел модерсата архитектура во Скопје.

Од тој период негово познато дело во Македонија е:

1933 Палатата на трговско-индустриската комора во Скопје.

Во 1937 година учествувал на анонимен архитектонски конкурс за Филијалата на Државната хипотекарна банка во Скопје.

Неговата дејност била педагошка, проектантска, научна и општествена. Изработил преку 60 идејни и 30 главни проекти. Публикувал повеќе од 50 статии во стручни и научни списанија. Реализирал 16 објекти од различен карактер и намена. Во повоениот период претежно се занимавал со теориските основи на архитектонското компонирање, модуларните мрежи и модуларната координација.

Од 1955-59 година бил ангажиран како хонорарен наставник на предметот Проектирање на општествени згради на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Скопје.

За својот богат творечки опус ја добил:

1963 Седмојулската награда.

 

 

Previous articleЛОЈЗЕ ДОЛИНАР
Next articleДРАГО ИБЛЕР