ДРАГО ИБЛЕР

DRAGO IBLER

Загреб, 14. VII 1894 – Ново Место, 12. IX 1964

Дипломирал на Високата техничка школа во Дрезден (Германија) во 1924 година. Од 1922-24 година работел во ателјето на Ханс Поелциг во Берлин. Преку неговиот творечки опус се прекршувале речиси сите стилски фази на развојот на европската архитектура во првата половина на ХХ век; од неостиловите и сецесијата во школските работи, преку експресионизмот и ункционализмот до социјалистичкиот реализам и енформелот, секогаш во чекор со највисоките светски параметри.

Се јавува како застапник за хуманизирање на архитектурата како и за сваќањето на архитектурата како уметност. Тој го покренува обликувањето на една нова реалистичка, скулпторска, поетска и хармонична архитектура. Овие принципи ги застапувал како член на париската група на СИАМ (СТАМ).

Од 1929 година па се до Втората светска војна проектирал низа објекти со функционалистичко обележје. На овој период му припаѓал и објектот „ОУЗОР“ (Окружен уред за осигурување на работниците) во Скопје (1931/32)“ — денешната Градска болница.

 

Previous articleМИЛАН ЗЛОКОВИЌ
Next articleКАРЛО ЛУКА ФЕРДИНАНДО ИНКИОСТРИ