КАРЛО ЛУКА ФЕРДИНАНДО ИНКИОСТРИ

KARLO LUKA DERDINANDO INKIOSTRI

Сплит, 18. Х 1866 – Белград, 16. IХ 1942

Бил декоративен сликар. Неговиот татко Антонио по занимање бил архитект. Уште од младоста му помагал на татка си при цртањето. Во домашната средина која што била исполнета со богата библиотека на италијански дела за уметноста и архитектурата се запознал со класичната и модерната архитектура. со стилските правци и со италијанската „метничка традиција врз која се засновала и далматинската. Од тој најран период што .. го поминал покрај својот татко потекнува и неговата љубов кон архитектурата и негоегото сфаќање дека таа зазема најзначајно место меѓу сите гранки на уметноста. Во почетниот период на своето творештво се згнимавал со сликарство.

Во Фиренца ја завршил школата за применета уметност кај проф. Филаделфо олми (1893). Бил под влијание на архитектот Алфредо Мелани кој бил познат теоретичар на уметноста и кој ја негувал Раскиовата теза за уметноста како национален пик. Тој го поттикнал да ги истражува етнографските материјали на јужно-словенските народи, со цел да се формира нациоселен стил и да се развие национална применета уметност. Во Италија го совладели фотографскиот занает со кој се занижавал до 1898 година. Го напуштил овој занает и комплетно се посветил на декоративното сликарство.

Фрагмент од резбите во Републичкото собрание

По враќањето во земјата започнал да ги проучува народните мотиви од Босна, Далмација, Херцеговина и Македонија. Го отфрлил туѓото влијание и се зафатил за создавање на национален стил кој сакал да го воведе и во гранките на индустријата.

Во Скопје работел на декорирањето на канцелариските ентериери на тогашната Банска управа, денес Собрание на Република Македонија, применувајќи геометриски, растителни и зооморфни мотиви, како и човечки фигури. Го дизајнирал и мебелот во тогашната канцеларија на банот. Посебен акцент на декорот во резба бил даден на собата за прием, таканаречената „Соба во резба“ која и покрај својата неавтохтоност претставува дело на висок уметнички дострел. Резбата ја изработил мајсторот Глишо Костовски (1907-1968) столар и резбар од Тетово со својата тафја.

 

Previous articleДРАГО ИБЛЕР
Next articleАЛЕКСАНДАР ЈАНКОВИЌ