MOMIR KORUNOVIC
ГЛОГОВАЦ, ЈАГОДИНА, 1. I 1883 – Белград, 17. IV 1969
Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Белград во 1906 година. Бил на специјализација во Прага, Рим и Париз. Целиот работен век го поминал во Министерството за градежништво во Белград.
Проектирал голем број јавни објекти и споменици меѓу кои и 50 спортски сали (соколани). Во своето архитектонско творештво секогаш настојувал да примени елементи од српската средновековна архитектура.
Негови позначајни објекти кај нас се:
1925 Споменикот во с. Рамне, Охрид;
1925 Кулата Пирг во манастирскиот комплекс „Св. Наум“ на Охридското Езеро;
1927* Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Прилеп;
1931* Спортската сала позната како Соколана во Куманово;
1934 Спомен-кулата во с. Кучково, Скопје;
1934 Спомен-костурницата во Зебрњак кај Куманово;
Проектот за покривот на спортската сала го изработил архитектот Владимир Антонов.