BRANISLAV KOJIC
Смедерево, 5. VI 1899 – Белград, 27. VII 1987
Дипломирал на Централната школа за уметност и ракотворби во Париз во 1921 година. Од 1921 до 1928 година работел во Министерството за градежништво во Белград. Од 1928 година до завршувањето на својот активен работен стаж во 1968 година бил наставник на Архитектонскиот факултет во Белград каде што го предавал предметот Проектирање на стопански и индустриски објекти.
Меѓу првите ја проучувал народната aгрхитектура на селскиот и градскиот тип. Значајни биле неговите истражувања во областа на руризмот. Учествувал на повеќе архитектонски конкурси на кои што освоил 5 први награди, а една меѓу нив била и за студентскиот дом во Скопје (1935). Во 1929 година изработил конкурсен проект за реконструкција на плоштадот „Крал Петар“ плоштад „Македонија“) во Скопје, а во 1930 година го изработил проектот за реконструкција на црквата Св. Спас во Скопје што не бил реализиран. Во 1931 година “-ествувал на анонимниот архитектонски конкурс за железничката станица во Скопје.
Во почетниот период на творештвото на неговите објекти е присутен фолклоризмот, додека подоцна во нив е застапена модерната.
Според неговите проекти биле изведени следниве објекти:
1929“ Хируршко-гинеколошкиот павилјон во Скопје;
1930“ Индивидуалната семејна куќа (Сут+П+4) на Ховсеп Бојаџијан на ул. „Кнез Арсен“ (,27-ми Март“) бр. 13 во Скопје;
- Студентскиот дом во Скопје;
1931 Печатницата „Немања“ во Скопје (делумно реализирана);
- Основното училиште „Цар Душан“ („Гоце Делчев“) во Скопје;
- Основното училиште „Гура Јакшиќ“ во Скопје;
- Интернатот за средношколци во Скопје;
1937 Женската гимназија во Скопје;
(Сите приведени објекти биле разурнати во катастрофалниот земјотрес во 1963 година).