ДИМИТРИЕ М. ЛЕКО

SHARE

DIMITRIJE M. LEKO

Белград, 2 VI 1887 – 23 X 1964

Студирал на Политехничката школа во Карлсруе, Германија (1907-12), а дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград. По дипломирањето се вработил во Министерството за градежништво во Белград каде што бил на служба од 1913 до 1932 година. Во 1933 година бил избран за наставник на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Белград каде што работел до пензионирањето. Со свои статии се јавувал во стручната литература и се занимавал со преводи. Учествувал на 50 архитектонски конкурси на коишто добил 20 први награди.

Во 1933 година бил избран за професор по предметот Општествени згради на Архитектонскиот факултет во Белград.

Заедно со архитектите В. Меснер и П. Гачиќ се јавува како еден од учесниците во реконструкцијата на постојниот објект на Народниот театар во Скопје (1921-25).

Тој е проектант на:

1921 Објектот на сојузот на задругите за снабдување во Дојран;

1923“ Двојното основно училиште во Скопје (нереализиран проект);

1924“ Основното училиште во Прилеп;

1925 „Царинарницата во Дојран.