ПЕТАР И БРАНКО КРСТИЌ

SHARE

PETAR I BRANKO KRSTIK

Белград, 24 XII 1899 – 1991
Белград, 15 XII 1902 – 1978

Браќата Крстиќ дипломирале на архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Белград во 1921 односно 1924 година. Како перспективни стручњаци биле избрани за асистенти на истиот факултет, каде што и Петар Крстиќ ја завршиле својата кариера како редовни професори. Нивната главна проектантска активност се одвиваlа меѓу двете светски војни, кога настапувале како браќа Крстиќ. Биле членови на групата архитекти на модерниот правец во Белград (1932- 34). Во своите проекти посебно внимание посветувале на архитектонската пластика, декорацијата и на деталот. Во проектите за објектите од општествен карактер настојувале да им дадат монументален израз со примена на историски стилови. Се јавуваат како архитекти со богат творечки опус. Проектирале голем број индивидуални семејни куќи, како и објекти од административен и сакрален карактер.

Бранко Крстиќ бил и сликар, а неговиот брат Петар изработувал релјефи и скулптури коишто ги аплицирале на своите објекти.

Тие уште како асистенти се јавуваат со свои проекти во Скопје.

Нивни проект е:

1939“ Индивидуалната семејна куќа (П.1) на д-р Петар Здравев на аголот од улиците „Цар Никола“ (,8-ма ударна бригада“) и „Принц Андреј“ („27-ми Март“) во Скопје.