БОГДАН НЕСТОРОВИЌ

SHARE

BOGDAN NESTOROVIC

Белград, 28. IV 1901 –  Белград, 28. XII 1975

Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во
Белград во 1923 година. По дипломирањето бил на усовршување две години во Ecole das Beaux Arts во Париз (1923-25). Се вработил во архитектонското биро „Архитект“ каде што останал на работа до 1930 година. Од 1930 година до пензионирањето бил наставник на Архитектонскиот факултет во Белград каде што го предавал предметот Проектирање на станбени згради и науката за стиловите. Оставил обемни научно-истражувачки трудови, посебно во областа на историјата на архитектурата и домугањето. Се јавува и како автор на поголем број станбени и општествени објекти. Во Македонија според неговите проекти биле изградени следниве објекти:

1929 – Станбениот објект (П“2) на д-р Ѓорѓе Милиќ и д-р Михајло Штрасер на ул. „Кнез Арсен“ („Орце Николов“), бр. 11 во Скопје (Природонаучен музеј);

1932 – Народната банка во Битола;

1933 – Народната банка во Скопје (разурната од земјотресот во 1963 година).