ДИМИТРИЕ Т. ЛЕКО

SHARE

DIMITRIJE T. LEKO

Белград, 22. I 1863 – Крагуевац, 24. IX 1914

Студирал архитектура во Цирих, Ахен и Минхен. Работел во Министерството за градежништво, во Техничката дирекција на општината на град Белград и во Министерството на војската.

Своето темелно образование стекнато во странство го искористил за да изврши влијание на домашната средина со северната романтична смисла за слободна интерпретација на класичните предлози, како и со острата и на моменти саркастична критика на домашната урбана сцена.

Пред крајот на својот живот пројавил урбанистичка дејност за градовите Битола и Скопје во Македонија. Така, во „Српски технички лист“, бр. 18, Белград од 4. V 1944 година, стр. 129-131, ја публикувал својата статија Извештај за постапката и целта за извршување на работите за преобразба на градот Битола.

Поголеми заслуги има на полето на публицистиката како и на полето на урбанизмот.

Негов најголем успех е првата награда на конкурсот за:
1914 – Генералниот урбанистички план на град Скопје.