ИВАН МЕШТРОВИЌ

SHARE

IVAN MESTROVIC

15 August 1883, Vrpolje-
16 I 1962 – South Bend, Indiana, U.S

По краткиот престој во скулпторската работилница на Х. Билиниќ во Сплит 1900), заминал во Виена каде што се школувал на Академијата (1901-1905). Во почетокот на своето творештво бил под влијание на О. Вагнер, но на неговото формирање силно влијаела општата духовна хлима во Виена на којашто силен печат ставило движењето на сецесијата. Во  година се запознал со А. Роден и пројавил голем интерес за европската, староегипетската и асирската скулптура. Кон крајот на 1907 година отишол во Париз каде што ја создал исклучителната скулптура на Крале Марко (1910) што се јавила каје последица на оживувањето на словенскиот уметнички мит.

Во предвечерието на Првата светска војна тој се свртил кон религиозните теми: неговата патетична стилизација им стапила место на емотивните состојби, то најдобро се согледува преку дрвените тефи. Кон крајот на војната во неговите а настапило поведро и попоетично расгожение што се гледа од изборот на бројни варијанти на тема Жената со музичи инструмент (1918). По завршувањето на војната се вратил во татковината кога затекнало неговото плодно творештво. Од 1923 до 1942 година бил ректор на загребската Академија на ликовната уметност. Од овој период познати му се скулптурите:

Жената со виолина (1922), Контемплација (1923), Мајката што го заветува детето (1927), какои серија женски актови, секогаш раскошно богати, вознемирени или со напната сетивност (Психе, 1927; Женски акт, 1928).

Во почетокот на Втората светска војна заминал за Рим (1942), оттаму во Швајцарија (1944), а потоа во САД (1947). По завршувањето на војната ги создал познатите дела Фоб, Атлантида и Перзефона. Пред крајот на својот живот се посветил на педагошката дејност, а во творештвото останал поврзан со делата на А. Роден и Мејол. Во тој период од неговото творештво преовладувале библиските теми и портрети.

Се смета за еден од најистакнатите скулптори во првата половина на ХХ век.

При посетата на Скопје тој се запознал со нашиот реномиран резбар Нестор Алексиевски и го посетил неговото ателје. Негови дела во Македонија се:

1927“ „Девојката со гитара“ релјеф – лунета над влезната врата од куќата на учителот Петар Мачкиќ на ул. Кичевска, бр. 20 во Битола;

1929 Капелата со костурница во месноста „Каленица“ кај Штип (неговото авторство се уште не е докажано).