ГЕОРГЕ СИМОТА

GEORGE SIMOTA

Клисура, Беломорска Македонија,  1890 – Букурешт, Романија 1980

Основното образование го завршил во родното место, а средното во Битола во 1908 година. Од Битола се преселил во Букурешт, Романија, каде што дипломирал на Архитектонскиот факултет во 1915 година.

По дипломирањето го положил државниот испит, се стекнал со право на овластен архитект и отворил сопствено архитектонско биро во Букурешт. Бил проектант од општ профил. Проектирал станбени објекти во Букурешт и во другите градови на Романија. Меѓу големиот број реализирани објекти се издвојуваат:

„ Палатата на Патријаршијата во Букурешт; „ зградата на Парламентот во Букурешт.

Бил целосно предаден на архитектонското творештво и не успеал да оформи сопствено семејство. Патувал низ многу земји по Европа и како талентиран гратичар реализирал голем број графики со мотиви од тие патувања. Пред Втората сеетска војна бил избран за професор на “рхитектонскиот факултет во Букурешт, каде што бил активен се до пензионирањето во 1960 година. Починал на 90-годишга возраст во Букурешт во 1980 година.

Негов проект е:

1933 – Индивидуалната семејна куќа (Сут+П) на Михаил Шкаперда на аголот од улиците „Цар Никола“ (,8-ма ударна бригада“)и „Бенешова“ („Лермонтова“) во Скопје. 

Како средношколец во Битола се спријателил во битолчанецот Михаил Шкаперда и заедно отишле на студии во Букурешт. Михаил, по сугестијата на својот татко, ги завршил студиите на Економскиот факултет, но негова неостварена желба била архитектурата. Георге кој бил склон кон уметноста ги завршил студиите по архитектура. Кога Михаил се одлучил своето свадбено патување да го помине во Букурешт, таму се сретнал со својот пријател од детството и од времето на студиите – Георге. Тогаш тој му ветил на Михаил дека како свадбен подарок ќе му подари проект за куќа кога тој ќе се реши да гради. Така, кога Михаил навистина се решил да гради сопствен дом, Георге го исполнил своето ветување!


 

 

Previous articleМИЛАН М. НИКОЛИЌ
Next articleМИЛОВАН СМИЛЈАНИЌ