МИЛАН С. МИНИЌ

MILAN S. MINIC

Приеполе, Србија, 21. III 1889 –
Белград, 3. III 1961

Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Белград во 1914 година. Ја посетувал Школата за убава уметност во Париз. Работел во Архитектонскиот оддел во Министерството за градежништво во Белград.  Како самостоен архитект проектирал поголем број станбени објекти. Тој ги изработил проектите за адаптација на објектот од Републичкото собрание во Скопје. Неговата архитектура била под влијание на француската школа.

Негов проект е:

1936“ Станбениот објект (П-1) на инж. Драгоњуб Газикаловиќ на ул. „Бенешова“ („Лермонтова“), бр. 10 во Скопје.

Previous articleДРАГУТИН МАСЛАЌ
Next articleБОГДАН НЕСТОРОВИЌ