ВЛАДИМИР АНТОНОВ

SHARE

VLADIMIR ANTONOV

1885 – ?

Бил руски емигрант доселен во Куманово. По професија бил архитект и одиграл значајна ролја во архитектонското обликување на Куманово меѓу двете светски војни.

Од 1924 година ја извршувал функцијата општински инженер во градот.

Негови позначајни проекти се:

1930 – Занаетчискиот дом во Куманово;

1931 – Индивидуалната семејна куќа (П+1) во Куманово;

1931 – Општинската зграда во Куманово;

Тој го изработил проектот за покривот на спортската сала (1930) чијшто автор бил белградскиот архитект Момир Коруновиќ.

Се занимавал и со уредување на паркови. Тој го проектирал долниот парк во Куманово.