ДОМАШНИ ГРАДИТЕЛИ, 1918 – 1944

SHARE

Во ова поглавје се претставени градителите што живееле и твореле во Македонија во периодот меѓу двете светски војни. Непосредно по завршувањето на Првата светска војана, градителството во нашата земја беше насочено кон возобновувањето на урнатините од војната. зо првите години не се забележува посебна градителска активност, но во 1919 година се завршува првиот објект наречен „Ислахана“ од Гаврило Томиќ, чијшто сутерен бил наменет за природо-научен музеј, а приземјето за кафеана со пространа тераса во градскиот парк на Скопје :102). Иако мал по својот волумен овој објект има исклучително историско значење не само како пионерско дело изведено по војната, туку и како објект во којшто е транспонирана врвната  сенесанса на палатата Шенбрун од Виена – објект со голема композициска сила.

Во 1922 година се појавуваат станбените објекти на исклучително надарените и со богат творечки опус Рудолф Вошта (64) и Борис Дутов (72). Во нивните објекти нагласено провејуваат глементи од барокот, како што се фасадните декоративни апликации претставени во смирен обем, елипсата и големите прозорци. Во овие објекти не се гледа само усогласената целина на формите, туку тие повеќе го истакнуваат ставот кон животот и уметноста. Покрај овие творци се јавува плејада на активни градители од кои поголемиот број од нив се занимавале и со претприемништво и изведба. Во нивните објекти се забележува силно влијание на функционализмот и  нтернационалниот стил (И. Кафтиќ, Ф. Краус, М. Планчар, Х. Спасиќ, Ј. Стојановиќ, М. Тасиќ и К. Хоменко). Во 1925 година се забележуваат имињата на Н. Бурхановски и М. К. Котек со релативно мал број на изградени куќи и Кирило Хаџи Наковиќ (105) со стотина изведени објекти. Во основите на нивните куќи се забележува поразвиена функционална шема со јасно издвоени наменски содржини. Во 1926 година се појавува Петар Јанковиќ (78) со своите проекти за индивидуални куќи и гради до 1939 година. Тој зел учество и во изработката на урбанистич киот план на Јосиф Михајловиќ. Во истата година Глигорие Томиќ (106) кој во своето творештво го 30. години од ХХ век бил под влијанието од барокот и неокласицизмот, а по овој период во грхитектонскиот израз на неговото творештво се чувствува рефлексијата од третата декада на ХХ век кога бил познат зрелиот интернационален стил (Домот „Ибни Пајко“ во Скопје).

Секако дека една од најзначајните домашни фигури којашто се јавува во периодот меѓу двете светски војни (1927-40) е Иван Артемушкин (60) со својот богат творечки опус од близу 350 евидентирани станбени објекти. Европските архитектонски движења сликовито се рефлектирале во неговите објекти во коишто провејуваат елементи од барокот (зградата на д-р Рубен), сококото (Арапската куќа), модерната (зградата на Бојаџиеви), до геометриската чистота од „меѓународниот стил“ на објектот на Тодор Стојановиќ на бул. „Димитар Влахов“ (1935), сите во Скопје. Во овој период (1927- 41) работи и твори Кирил Жерновски (74) со помал опус на реализирани објекти (175), но секогаш во чекор со времето на модерната архитектура. Во неговите објекти се забележува манир на постимпресионизмот. Во 1927 година со по едно евидентирано дело се појавуваа С. Игњатиќ и В. Крниќ, Божидар Нешовиќ (84) со 70 проекти (1928- 40), Бранислав Протиќ (94) со 50 проекти и Душан Томиќ (104) со два евидентирани проекти (1928 и 1936) коишто ги следат стиловите на неокласиката и современата архитектура.

На архитектонско поле во 30-тите години од ХХ век, во Македонија се чувствува посилно влијание од случувањата во Европа. Во тоа време творците на движењето на модерната архитектура во своите дела ги прифатиле академско-неокласицистичките односи на столбовите и товарот, како и склоноста кон простите геометриски форми и глатките површини. Ова особено се чувствува во делата на Јосиф Михајловиќ (88). Според идејата „композиција со елементи“ проектот е составен од низа на различни волумени на коишто им е дадена видлива функција, што се забележува во објектот на Занаетчискиот дом во Куманово од Владимир Антонов (59).

Иако објектите на Ѓорѓе Ѓурчиновиќ (69) и на Р. Радуловиќ (95) не се ниту цркви, ниту палати коишто биле својствени на ренесансата, во нивните објекти сепак се забележува присуство на ренесансни елементи: во првиот случај – сугестија на столбови низ два ката и декоративни апликации, и во вториот случај – строга симетрија со полукружна колонада, како на Кнежевскиот плоштад во Виѓевано, Италија од Леонардо да Винчи (нереализиран проект).

Во првите години од третата декада на ХХ век кога се појавуваат објектите на Бујко Вјачеслав (63), Драгутин Илиќ (77) и Томо Крстиќ (82), модерната архитектура се сведува исклучително на функционалистичкото потекло што се забележува во основите на нивните објекти. Периодот на творештвото на Стеван Газикаловиќ (67) од 1934–38 год., Исајло Ј. Николовски (90) од 1934- 40 год. и Ѓорѓе Ристиќ (98) од 4934- 40 год. се совпаѓа со времето на интернационалниот стил како „врвен“ период на современата архитектура што останува да биде основа на понатамошниот архитектонски развој.

Почетоците на интернационалниот стил што се забележуваат во објектите на Адолф Лус. како и во индустриските објекти на Пере, Беренс и Гропиус коишто ги синтетизираа социјалните и естетски барања карактеристични за третата декада на ХХ век на недвосмислен и видлив начин се рефлектираат во објектите на Јан Дубови (70) и Методија Петков (86).

Во предвечерието на Втората светска војна кога архитектонското творештво покажува единство и може да се означи како „класично“, иако под тој термин се подразбираат не само обликот и масата, туку и смислата за одредена форма, тогаш во тој дух, во временскиот интервал од 1935 до 1940 година се појавуваат објектите на Михаил Матвеев (83), Николај Подгаин (87), Вангел Самарџиќ (100) и Глигорие Ташковиќ (103).

Во овој збиен преглед на градителството меѓу двете светски војни претставено преку имињата на градителите што живееле и твореле во Македонија, лесно може да се забележи дека овие градители претежно биле градежни инженери со положен државен испит и право на овластени проектанти. Поголемиот дел од нив се занимавале и со претприемништво и градење, но во својот творечки опус главно проектирале станбени објекти и тоа најмногу индивидуални семејни куќи. Меѓу нив постоела лојална конкуренција и оние коишто се покажале со своите дела како поинвентивни имале и поголем опус на творештво. Стилската разновидност во нивните дела се јавувала како одраз на европските архитектонски движења. Нивното лоцирање Во овој преглед е направено според појавата на нивните први проекти, но тие во својот творечки пат се трансформирале паралелно со промените на времето. Посебно треба да се нагласи дека во приведените имиња се застапени и одреден број на градители со мал број на евидентирани објекти, што не треба да се сфати дека нивното творештво не било и побогато. И на крај со носталгично чувство ќе се констатира дека „тајфунот“ на модерниот урбанизам засекогаш ја избришал трагата од најголемиот дел на нивните објекти, меѓу кои и многу архитектонски бисери.