ВЈАЧЕСЛАВ БУЈКО

SHARE

VJACESLAV BUJKO

1895 – ?

Живеел и работел во Скопје. Бил овластен градежен инженер. Работел за војската.

Се занимавал и со проектирање на индивидуални куќи за живеење.

Негови проекти се:

1933* – Индивидуалната семејна куќа (П) на Радослав Михајловиќ на ул. „Зринска“ („Петар Попарсов“) во Скопје;

1933 – Индивидуалната семејна куќа (П) на Арсение Здравковиќ на ул. „Цар Никола“ („Скопска“) во Скопје;

1934 – Индивидуалната семејна куќа (П+1) на Вјекослав Бујко на патот за Долно Водно (тет. 25);

1938* – Индивидуалната семејна куќа (Сут+П) на Надежда Јеремиќ на ул. „Михајло Церовиќ“ („Алберт Ајнштајн“) во Скопје;

1938 – Индивидуалната семејна куќа (П) на Александар Ѓорѓевиќ на ул. „461“ во Скопје;

1938* – Станбениот објект (ПН1) на Илија Димчевиќ на ул. „468“ во Скопје.

Други негови проекти во Архивот на град Скопје:

(Кутии 87, 88 и 89): 107; 49

(Кутија 93): 25

(Кутии 151 и 154): 16; 21

(Кутија 164): 27