ИВАН АРТЕМУШКИН

SHARE

IVAN ARTEMUSHKIN

1897 – ?

Како руски емигрант се доселил во Скопје по Октомвриската револуција.

Неговото плодно творештво го опфаќа периодот до Втората светска војна. Имал Техничко биро“ во пасажот Ароести. Проектирал поголем број индивидуални семејни куќи и повеќесемејни станбени згради. Во неговите објекти до 1932 година преовладуваат неокласични елементи, додека по 1932 година тие се во духот на модерниот рационализам. Непосрено по завршувањето на војната работел во Архитектонското одделение при Министерството за градежништво заедно со архитектите Јан Дубови (1882), Сотир Томоски (1899) и Михо Чакења (1909).

Во 1948 година од политички причини бил принуден да ја напушти нашата земја и се отселил во градот Велико Трново во Бугарија.

Негови позабележливи објекти се:

1927 – Повеќесемејната станбена зграда на д-р Рубен (СутеПеанПо) на аголот на бул. „Илинден“ и ул. „Наум Наумовски – Борче“ во Скопје;

1928 – Индивидуалната семејна куќа (Сут+П) на Негосав ѓај на ул. „Милош Милоевиќ“ („Тримпаре“) во Скопје;

1930 – Индивидуалната семејна куќа (П+1) на Методија Вучковиќ на ул. „Индустриска“ во Скопје;

1930 – Индивидуалната семејна куќа (П+1) на Милан Вукелиќ на ул. „Бенешова“;

1930 – Индивидуалната семејна куќа (Сут+П+2) на-Соломон-Манахем на ул. „Кралица Марија“ („Илинденска“) во Скопје;

1931* – Повеќесемејната станбена зграда на браќата Бојаџиеви (П+2+По) на аголот од ул. „Максим Горки“ и ул. „8-ма ударна бригада“ во Скопје;

* Во Бирото на Артемушкин работел повеќе години Перо Десовски кој покрај големиот мајстор навлегол длабоко во тајните на проектирањето.

1931 – Индивидуалната семејна куќа на Ховсеп Бојаџијан (Пч1-“По) на аголот од улиците „Орце Николов“ и „Раде Кончар“ во Скопје;

1931 – Индивидуалната семејна куќа (П+1) на Поликсена Папатеодоси на аголот од улиците „Петар Савчиќ“ (не постои) и „Полошка“ (не постои) во Скопје;

1932* – Повеќесемејната станбена зграда на браќата Читкушеви (П+2+По) на аголот од ул. „Максим Горки“ и ул. „8-ма ударна бригада“ во Скопје;

1932 – Индивидуалната семејна куќа (П+1) на Ѓорѓе Каламарис на ул. „Хилендарска“ (не постои) во Скопје;

1933 – Индивидуалната семејна куќа (Пи) на Коста Митровиќ на аголот од улиците „Танаско Раиќ“ (бул. „Кочо Рацин“) и „Вилзонова“ (не постои) во Скопје.

1934 – Повеќесемејната станбена зграда на браќата Радулови (Пч3) на аголот од ул. „Максим Горки“ и ул. „27 Март“ во Скопје;

1937* – Станбениот објект (Пч2) на Агоп Дикаџијан помеѓу улиците „Принц Андреја“ („Орце Николов“), „Марулиќева“ (не постои) и „Матошева“ (не постои) во Скопје (Арапска куќа).