РУДОЛФ ВОШТА

RUDOLF VOSTA

1866 – ?

По националност бил Чеџ. Живеел на ул. „Венец на цар Душан“ (бул. „Св. Климент Охридски“) во Скопје. Бил овластен инженер и имал сопствено биро. Се занимавал со проектантска дејност. 

Проектирал поголем број индивидуални семејни куќи и повеќесемејни станбени објекти.

Негови позначајни реализации се:

1922*- Куќата на Риста Т. Јаникиевиќ – Пота (П+1+По) на ул. „Димитрие Туцовиќ” во Скопје;

1923 – Куќата на Апександар Томовски (П+1+По) на ул.„Димитрие Туцовиќ“ во Скопје;

1924 – Куќата на Доротеј Стојановиќ, (Сут+П+1) на ул.  „Кичевска“ бр. 8 во Скопје;

1925 – Куќата Петар Андоновиќ (Сут+П) на ул. Принц Ѓорѓе“ („820“) (не постои) ве Скопје;

1925 – Куќата на Милан Андоновиќ (П) на ул. Војвода Мишиќ“ („11 Октомври”) во Скопје.

1925 – Куќата на Милош Благоевиќ (Сут+П) на ул. „Венец на Св. Сава“ („Гуро Гаковиќ”) во Скопје;

1925- Куќата на Добривое Дициќ (Сут+П) на аголот на ул. „Генерал Ковачевиќ“ и „Венац на св. Сава“ („Ѓуро Гаковиќ”и „Анто Грубишиќ“”) во Скопје;

1927* – Индивидуалната семејна куќа (П+1) на Сава Печеновиќ на ул. „Кукушка, бр. 17, во Скопје

1927 – Куќата на Димитрие Блажевиќ (П+1) на ул. „Франше дЕспере”“ (не постои) во Скопје;

1930 – Куќата на Велко Трајковиќ (П) на ул. „Кариќева“ („Дебарца“ ) во Скопје;

1931* – Станбениот објект на Петковска, Симиќ и Христов (П+2) на ул. „Максим Горки“ во Скопје;

1932 – Индивидуалната семејна куќа (Сут+П) на Вида Атанасковиќ на Ул. „Руѓер Бошковиќ“ (не постои) во Скопје.

Previous articleВЈАЧЕСЛАВ БУЈКО