АНТУН АУГУСТИНЧИЌ

ANTUN AUGUSTINCIC

Клањец, 04. V 1900 – Загреб, 10. V 1979

Студирал скулптура на Високата школа за уметност и занает кај проф. Р. Валдец и Р. Франгеш (1918), а потоа студиите ги продолжил кај И. Мештровиќ.

Дипломирал во 1924 година. Од 1924 до 1926 година студирал во Париз во Школата за декоративна уметност и во Академијата за убави уметности во класата на Ј. А. Ињалберт.

Се вбројува во најзначајните претставници на психолошкиот портрет во југословенската скулптура. Работел под влијание на академската и натуралистичката скулптура. По престојот во Париз каде што се запознал со скулпторите А. Родени Е. А. Бурдел, го напуштил академизмот и започнал послободно да моделира. Својот израз го барал во немирните роденови форми кои во тоа време владееле во француската скулптура.

Од тој период се јавуваат и коњаничките фигури на камениот мост во Скопје (1930) кои ги добил на конкурс. Нивната реализација била остварена во тесна соработка со арх. Драго Галиќ од Загреб дури во почетокот на 1940 година.

Previous articleНАДВОРЕШНИ ГРАДИТЕЛИ, 1918 – 1944
Next articleВАСИЛИЙ ФЁДОРОВИЧ ФОН БАУМГАРТЕН